Мисија и Визија

ПРИМА.МК е дел од интернационалната корпорација ПРИМА ГРУП, специјализирана за увоз и дистрибуција на водечки тутунски производи.

ПРИМА.МК, од своето постоење работи водејќи се кон една единствена цел – да биде успешна компанија во доменот на увоз и дистрибуција.
Следејќи ја нашата политика за квалитет, ја достигнавме нашата цел и станавме една од водечките компании за увоз и дистрибуција на тутунски производи.
Задоволството на нашите клиенти е наша сатисфакција и мотив за постигнување на уште поголеми успеси.
Ние сме во постојана трка да ги задоволиме потребите на нашите клиенти на тој начин што нашите производи се достапни во секое време на секое место.

ПРИМА.МК ДОО е ексклузивен увозник и дистрибутер на тутунски производи на Јапан Тобако Интернешнал за територијата на Република Македонија.
На пазарот во Република Македонија, ние ги претставуваме следниве брендови на цигари:Winston,LD и Monte Carlo.Овие производи се достапни речиси во секое продажно место на територијата на Република Македонија

Подобрување

Постојано подобрување на квалитетот на услугите со цел да ги реализираме барањата на крајните потрошувачи, да ги исполниме нивните очекувања, а со тоа да го зголемиме нивното задоволство и да ја оправдаме нивната доверба и лојалност

Препознавање

Препознавање и контрола на опасностите по здравјето на вработените заради спречување на повреди на работните места и нарушување на здравствената состојба како резултат на условите во работната средина.

Одржување

Одржување на партнерски однос со добавувачите кои се клучен фактор за точна и навремена испорака на услугата кон клиентите.

Контрола

Контрола на повратни информации и следење задоволство, преку редовни интеракции со клиентите и процесот на проверки на испорака.

Менаџмент

Менаџментска ревизија, интерна ревизија на менаџмент тимот ни овозможува да го осигураме процесот на квалитет на производите која се темели на барањата на клиентите

Јасност

Политиката и целите ги соопштуваме и објаснуваме на вработените, клиентите, како и на сите други заинтересирани страни.

All Rights Reserved PRIMA MK © Copyright 2020